Португалскиот селектор заборави дека има уште еден фудбалер на клупа, па му се извини јавно

386

Португалија вчера ја победи Чешка со 4-0 во петтото коло од Лигата на нации, но мометот на вечерта беше изјавата на селекторот на Португалците, Фернандо Сантос дека заборавил комплетно дека на клупата го има Тиаго Џало, кој чекаше деби во португалскиот дрес.

Дефанзивецот на француски Лил допрва треба да дебитира за репрезентацијата, а Сантос призна дека тотално заборавил на него.

„Џало требапе да влезе во игра и јас имам целосна доверба во него. Му се извинувам. Заборавив дека го имам на клупата“, му се извини Фернандо Сантос на својот играч на прес-конференцијата по мечот.

Португалската репрезентација во вторник ќе се соочи со Шпанија, па можеби Џало токму тука ќе го има своето деби.

ПретходноХрватска и Холандија одат на Ф4 во битка за трофејот во Лигата на Нации (ВИДЕО)
СледноРајковиќ го загуби првото финале со ЦСКА