ПСС Рејсинг и Џиролами победија во Монца и се блиску до титулата

121

Тимот на ПСС Рејсинг за кој настапуваат Виктор Давидовски и Франко Џиролами стигнаа до победа на втората трка на патеката Монца во Италија во рамките на „ТЦР Европа“ шампионатот.
Првата трка возачите имаа многу проблеми поради дождот, но во втората Џиролами успеа да победи и со овој триумф се зацврсти на првото место во генералниот пласман со големи шанси да стигне до титулата (има 89 поени предност во однос на најблискиот ривал Џош Фајлс, а уште 96 се во игра).
Виктор Давидовски ја заврши трката на 14 позиција.

Фото: https://europe.tcr-series.com/

ПретходноДесподов: На терен ќе го кажеме тоа што имаме да го кажеме
СледноХумористичен приказ на подготовките за СП 2022 (видео)