Реал (М) по продолженија го доби „Ел Класико“ и го крена Суперкупот на Шпанија

89

Кошаркарите на Реал Мадрид ј апочнаа новата сезона во Шпанија со трофеј. Тие вечерва во вистинска кошаркарска драма славеа по продолженија во финалето на шпанскиот Суперкуп победувајќи ја Барселона со 89:83.

Одлична средба која донесе многу пресврти, но на крајот им припадна на „кралевите“ кои го освоија својот петти последователен шпански Суперкуп.

Тавареш со 24 поени и 12 скока беше извонреден кај Реал, а одличен беше и Џанан Муса со 19 поени.

Во поразениот тим Сертач Шанли постигна 21 поен, Никола Калиниќ имаше осум со седум скока.

ПретходноРепрезентативците тренираа на „Арената“ пред утрешната битка со Бугарија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Следно„Чкембари“ слават роденден: 37 години посветени на Пелистер