Сидорф: Во Европа нема работа за тренери црнци

187

Поранешниот ас на Ајакс, Реал Мадрид и Милан, Кларенс Сидорф се пожали дека не може да најде работа како тренер на некој европски клуб. Во интервју за „Газета дело Спорт“ тој се прашува како сите тренери на Милан кои работеа после него, биле ангажирани од други италијански клубови, а тој не добил ниту една понуда.
Не сметам дека Италија е расистичка земја. Мислам дека во 20 години добро ја научив Италија. Има расисти таму, но има и на други места. Но тешко ми е да објаснам зошто тренерите кои дојдоа во Милан после мене најдоа работа во други клубови во Италија, а јас не добив ниту една понуда и покрај тоа што поминав 20 години во таа земја и мислам дека оставив добар впечаток.
Ми велат: „Не сакаме да те навредиме со овој предлог“. Им велам, прво дајте понуда, па дури потоа ќе одлучам дали тоа ќе ме навреди.
Има многу малку шанси за тренерите црнци во Европа. Првата сериозна понуда ја добив во Кина. Но разочаран сум што ниту една понуда не добив од Италија, а поминав многу години таму“, изјави Сидорф.

Сидорф го тренираше Милан во 2014 година, а во 2016 година работеше во Шенжен од Кина, во 2018 во Ла Коруња, а од 2018 до 2019 година како селектор на Камерун. Од тогаш е слободен агент.
Во Италија играше за Сампдорија, Интер, Милан, беше и во Реал Мадрид и во Ајакс и на залезот на кариерата во Ботафого.

ПретходноХумористичен приказ на подготовките за СП 2022 (видео)
СледноТеренот на Арената повторно е во очајна состојба! (ФОТО)