Без разлика што мислиш за него, дали се сложуваш со неговите ставови и слично, дали го почитуваш како еден од најдобрите тенисери во историјата или не, спортската култура вели дека по мечот ти се поздравуваш.
Е, тоа не го стори американскиот тенисер Томи Пол кој вчера направи голем скандал во Лондон на “Лејвер Купот“, и одби да се поздрави со Новак Ѓоковиќ.
Имено по победата на Новак над Франсис Тиафо, Србинот се поздрави со сите од клупата на противничкиот тим, освен со Пол кој се тргна на страна и со го местеше капчето на главата,. Целта беше јасна, да не се ракува со Србинот.
Новак не изреагира на оваа провокација, па и кој е тој Томи Пол толку Србинот да се нервира зошто не сакал да се поздрави.
Level up.@DjokerNole claims two pivotal points for Team Europe.#LaverCup pic.twitter.com/9cWBf7hcQt
— Laver Cup (@LaverCup) September 24, 2022