Алкалоид по трите победи во низа во дебитанската сезона во Супер-лигата беше поразен на гостувањето кај актуелниот првак Вардар со 28-25 во рамките на 4. коло во групата А.
Дебитантот на дело покажа дека оваа сезона ќе биде проблем за големите имиња, а тоа на своја кожа го почувствува Вардар. Искуството на „црвено-црните“ беше пресудно за крајниот исход на оваа средба.
Ракометарите на Алкалоид покажаа дека можат да се вратат од било која негатива и кога пред себе имаат за противник тим како Вардар, а за тоа главен мотиватор е Кирил Лазаров и неговиот тајм-аут при 21-17 за „црвено-црните“.
Најдобиот македонски ракометар на сите времиња не признава посилни противници, па добро знае дека неговите момци можат многу подобро. Падовите за него се неприфатливи, а особено стравот од победа.
По тајм-аут Алкалоид се врати и поведе, но не успеа до крај да го приведе дуелот во својата корист, пред се поради стравот и неискуството на играчите.