Хаос. Неверојатно.Фрустрирачки. Имено теренот на Арената “Тодор Проески“ повторно е во очајна состојба во пресрет на утрешниот дуел со Бугарија.Тие што требаше да го репарираат, да го поправат барем малку да заличува како што треба,очигледно е дека не си завршиле својата работа како што треба.
Па нели повеќе од месец дена Арената “Тодор Проески“беше затворен, се со цел да се поправи теренот.Од ФФМ луѓето кои работат на Арената добија се што треба, и пак не чини.
Свој коментар за ова имаше и селекторотна нашата репрезентација Благоја Милевски:
“На мое инсистирање теренот на Арената беше затворен подолго време и на мое инсистирање ФФМ направи се за да им овозможи на надлежните на Арената да биде репариран и подготвен за утре. По тренингот ќе видиме во каква сотојба ќе биде“ ова е изјавата на Милевски пред тренингот, а што ќе каже после останува да се види.
А дека теренот е хаос, тоа се гледа.