Хрватска и Холандија одат на Ф4 во битка за трофејот во Лигата на Нации (ВИДЕО)

173

Хрватска е прва во групата „1“ од А-сегментот во Лигата на Нации, откако во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на Австрија и да слави на „Ернст Хапел“ во Виена со 3:1. Оваа победа за момците на Златко Далиќ беше пресудна за освојување на првото место, откако „коцкестите“ за бод ја претркаа Данска на врвот, која пак вечерва јалово славеше над Франција со 2:0 во големото дерби во Копенхафен.

Победата на Хрватска ја донесоа Модриќ, Ливаја и Ловрен, додека победничките голови за Данска уште во првото полувреме ги постигнаа Долберг и Сков Олсен.


 

Standings provided by SofaScore

Во групата „4“ од А-сегментот, Холандија со минимална победа од 1:0 во директната пресметка со Белгија си го обезбеди првото место на табелата. Голот за „лалињата“ беше дело на Вирџил Ван Дајк во 73. минута. Во вториот меч од групата, Полска со победа од 1:0 се врати од Велс. Голот на Свидерски беше пресуден за победа на Полјаците кои на крајот на овој циклус го освоија третото место во групата.

 

Standings provided by SofaScore

Во рамките на Ц-сегментот, Фарските Острови ја победија Турција со 2:1, додека Луксембург славеше над Литванија со 1:0.

Standings provided by SofaScore

ПретходноБарса со пет повредени фудбалери, а во октомври ќе играат 9 мечеви и „Ел Класико“
СледноПортугалскиот селектор заборави дека има уште еден фудбалер на клупа, па му се извини јавно