По високиот триумф над Гибралтар од 5:1 во петокот, владее голем оптимизам во редовите на репрезентацијата на Бугарија. Па така Иван Иванов, првиот помошник на селекторот Младен Крстајиќ, непосредно пред тргнувањето за Скопје пред неколку часа, даде една изјава за тамошните медиуми.
Екс фудалерот на Партизан посочи:
“Не криеме дека одиме на задолжителна победа против Македонија“ рече покрај другото Иванов.
Се разбира дека секој има право да биде оптимистички расположен пред натпреварот, но дали Иванов знае дека тешко ќе му биде среде Скопје, среде Македонија да се радува на победа на неговата селекција.