Димитријевиќ го наполни кошот на Партизан, Уникс го освои 3. место на ВТБ Суперкупот

220

Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и Уникс Казан го освоија третото место на ВТБ Суперкупот. За противник рускиот тим го имаше составот на Партизан кого го совалда со 77-83 . Нашиот најдобар кошаркар ја пружи најдобрата партија до сега, потврди зошто беше најавен како големо засилување. Беше вистински лидер во текот на целиот меч.

Двата тима дадоа одличен вовед на финалето, во кое Емил Рајковиќ и ЦСКА против Зенит ќе игра за првото место на Суперкупот.

Уникс Казан добро тргна во мечот водеше со плус седум на двапати 12-19 и 15-22, но Партизан се врати и по првата четвртина имаше минимална предност од 23-22. Српскиот тим набрзо поведе и со плус девет (37-28), на одморот водеше со 43-39.

Во продолжение избраниците на Жељко Обрадовиќ имаа комотни 52-39, но Уникс предводен од Нено приреди пресврт за 62-60 пред стартот на последната четвртина во која видовме изедначена битка. Нено кој беше најдобриот кошаркар на Уникс, во последните три и пол минути го одржуваше водството на својот тим, погоди важна тројка за 72-73, два плус три поени за 74-79. Партизан врати со тројка за 77-79, но Нено поентираше за 77-81.

Нено до 25 минута беше перфектен, имаше 18 поени (1/1 за три, 6/6 за два и 5/5 за еден поен). На крајот мечот го заврши како прв стрелец со 30 поени, едноставно беше нерешлива енига за избраниците на Обрадовиќ. Крајниот биланс беше 3/5 за три, 8/9 за два и 5/5 за еден поен, во игра мина речиси 30 минути за кои додаде една асистенција, еден скок и три украдени топки.

ПретходноРоналдо не е веќе најплатен фудбалер во светот, тоа е Мбапе!
СледноКрстајиќ: Maкедонија е силна екипа, но Бугарија е способна да одигра квалитетно и да победи