Е. Пелистер и Пролет како на тренинг до нови победи

76

Вицешампионот Е. Пелистер лесно и убедливо со 37:21 си замина како победник од гостувањето кај Радовиш во мечот од 4. коло во Суперлигата. По ремито со вториот тим на битолчани минатото коло, избраниците на Ларс Валтер лесно минаа на гостински терен во Радовиш и дојдоа до третата победа и се вратија на чело во групата „Б“.

Ненад Костески постигна осум гола и беше најефикасен кај победниците, додека Вјештица со 9 гола беше најефикасен кај Радовиш.

Ракометарите на Т. Пролет прилично лесно ја запишаа новата победа во Суперлигата, откако на домашен терен со 32:21 беа подобри од Јуниор КВ.

Тројца ракометари кај домашните постигнаа по 7 гола (Тотиќ, Јагуриновски и Џонов), додека кај Јуниор КВ по пет гола имаа Симоновиќ и Митровски.

ПретходноБарди: Утре да покажеме дека резултатот од Тбилиси не е вистинската слика
СледноСтрумица Н. не се предава: Оптимисти сме, ни треба поддршката од навивачите