Енрике: Ова е најлошото полувреме откако сум селектор

82

Репрезентацијата на Шпанија синоќа неочекувано загуби на домашен терен во 5. коло од Лигата на Нациите против Швајцарија со 1:2. Откако Аканџи им донесе водство на гостите, следуваше изедначување од Жорди Алба, за да следува ново водство и конечна победа на швајцарците од страна на Емболо.

„Поразот секогаш боли. Швајцарија уште од почетокот ни правеше проблеми. Првото полувреме е најлошото откако сум јас селектор. Лошо браневме при корнерот и нивниот втор погодок. Мораме комплетно да се подобриме во сите сегменти, за среќа имаме доволно време. Одиме во Португалија одосно во Брага да обезбедиме победа“ – изјави селекторот на Шпанија, Луис Енрике, чија што репрезентација на Мундијалот е во група со Германија, Костарика и Јапонија.

 

ПретходноКениецот Кипчоге го урна светскиот рекорд на маратонот во Берлин!
СледноОрбан нуди 8 милиони евра со цел италијанскиот Суперкуп да се игра во неговото село!