Крстајиќ: Maкедонија е силна екипа, но Бугарија е способна да одигра квалитетно и да победи

120

Селекторот на Бугарија, Младен Крстајиќ очекува Бугарија да одигра атрактивно и квалитетно и да дојде до победа во Скопје во последниот меч во групата од Лигата на нациите. Тој е свесен дека ќе има и политичка тензија, но очекува неговите фудбалери да не се замараат со тоа и да играат фудбал.
Македонија и тоа како има интерес затоа што игра на домашен терен, а ние ќе се обидеме да победиме и да си ја оствариме целта. Мечот против Гибралтар помина како што помина, победивме и тоа е тоа. Најважно од се е концентрацијата да е на високо ниво во сите 90 минути и да се има желба за победа. Мечот со Македонија е поразличен од тој со Гибралтар. Македонија е поквалитетна екипа.

Очекувам да нè краси таа иста енергија која ја покажавме против Гибралтар. Како што игравме на тој меч така сакам да играме и против Македонија, да се покаже енергија и желба во текот на целиот меч. Имав шанса и како селектор и како играч да бидам на мечеви каде што имало провокации и треба да не се замараме со тоа. Наша работа е да играме фудбал, а другото ќе им го оставиме на политичарите. Моите играчи се способни да одиграат квалитетно и атрактивно, можеме да победиме“, изјави Крстајиќ.

ПретходноДимитријевиќ го наполни кошот на Партизан, Уникс го освои 3. место на ВТБ Суперкупот
СледноДесподов: На терен ќе го кажеме тоа што имаме да го кажеме