Кирил Лазаров со емотивна порака проследена со фотографија од ЕП 2012 година се прости со својот пријател Андон Бошковски. Популарниот Доне на 47 гоини го напушти овој свет и ги остави сите без зборови.
Почивај во мир, Дондо мој… Реткост е во денешно време да имаш блиски луѓе а ти ми беше еден од ретките..
Многу нефер од твоја страна..
Направивме многу заедно
Знаевме и да се скараме но се сакавме/почитувавме
Беше многу поквалитетен од тоа што мислеа но тоа не е битно јас знаев што имам покрај себе..
Нека ти е лесна земја и светол патот..