Пишува: Зоран Ѓоршоски
Македонија против Бугарија, натпревар од 6.коло во групата 4 во сегментот Ц во Лигата на Нации. Утревечер на Арената “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20:45 часот, пред веруваме најмалку громогласни 20.000 фанови на Македонија.
Уште пред два дена почнаа “пецкањата“ и провокациите од страна на “соседот“. Ова соседот во наводници зошто никој во цел свет не сака таков сосед каков што ние имаме на источната страна, никој. А се знае зошто по се она што го прават Бугарите или нивната држава кон нас МАКЕДОНЦИТЕ.
Велиме почнаа провокациите и тоа од капитенот Десподов кој посочи дека ова за нас, Македонците, демек бил натпревар од политичка природа.
Мајката…
Тој Десподов нека ги праша неговите власти каков ќе биде овој натпревар, или заборави како пред два месеци во неговата Софија беа пречекани фудбалерите на Македонија ЃП. Или тоа се заборава.
Да, овој натпревар меѓу Македонија и источниот “сосед“ е повеќе од еден обичен фудбалски натпревар и тоа не по наша вина, никако, туку по вина на тие што го негираат македонскиот идентитет, држава, народ и се останато што е македонско.
Судбината сакаше во времето кога односите меѓу двете држави, меѓу двата народи се на најниско ниво, токму Бугарија да гостува во Скопје, во Македонија.
Пред два месеци „Спортмедиа“ пиша дека за разлика од нив, во Македонија живее културен, европски и цивилизиран народ. Македонија утре ќе победи и тоа во една фудбалска, европска атмосфера, и ќе му докаже на “соседот“ дека ние сме ГОЛЕМИ за разлика од нив.