Македонската репрезентација до 21. година во моментов е во Хрватска, каде што е дел од турнирот на кој учевствуваат уште Албанија, домашната Хрватска и репрезентацијата на Саудиска Арабија до 23. години.
Токму оваа репрезентација е нашиот следен противник утре со почеток од 15:00 часот, откако ние во прелиминарната фаза ја совладавме Албанија со 3:1.
Ние одигравме супер меч против албанците и очекуваме уште една таква претстава и против репрезентацијата од блискиот Исток.