Струга Трим Лум, лидерот на табелата во ПМФЛ, паузата ја користи максимнално. Се тренира напорно, се играат и пријателски, но денеска беше ден за одмор, односно за тим – билдинг.
Фудбалерите, стручниот штаб и раководството на клубот убавиот сончев неделен ден го искористија за заедничко дружење во Струга, со цел супер атмосферата да се подигне на уште повисоко ниво.
Јасно е, кога си прв и тоа неприкосновено во ПМФЛ, тогаш се е убаво.