Англискиот второлигаш Ватфорд направи тренерска рокада. Го отпушти Роб Едвардс по само 10 натпревари во новата сезона, а на негово место доаѓа хрватскиот стручњак Славен Билиќ.
Едвардс доби отказ по слабиот старт на сезоната, а Билиќ ќе потпише договор на една и пол година.
Ова е враќање на Билиќ на Островот. Претходно работеше во Вест Хем и ВБА. Последниот клуб му беше кинескиот Пекинг Гуан каде работеше до јануари 2022 година.