Според српските медиуми: “Пиратите“ го откажале гостувањето во Ниш зошто играчите не земале плата!!!

1325

Навистина интересно. И тоа го има во мак – фудбалот. Имено во саботата беше договорен пријателски меч меѓу Раднички Ниш и Скопје. Сепак овој натпревар не се одиграл, иако во неколку наврати луѓето од двата клуба контактирале меѓу себе и ги договориле сите детали за гостувањето на “пиратите“ во Ниш.

Денеска медиумите во Србија, поточно весникот „Журнал“ открива зошто немало натпревар меѓу Раднички и Скопје.

Имено според овој весник во саботата во 12 часот, тимот од Автокоманда го откажал гостувањето, а приќината била таа што играчите на нашиот прволигаш не земале плата. Барем такво било нивното објаснување.

Секако ова е верзијата на медиумите во Србија, односно на луѓето од Раднички Ниш.

ПретходноМеси за Мбапе: Тој е ѕвер, ќе биде најдобар во наредните години
СледноБугарските фанови “мераклии“ да се “сликаат“ покрај споменикот на Гоце Делчев на плоштадот во Скопје! (ФОТО)