Адетокумбо: Во Европа е потешко, во НБА-лигата работите се полесни!

227

По Европското првенство кое за грчкиот кошаркар и неговата земја не заврши според очекувањата, тој се врати на обврските во Милвоки Бакс, па одговараше на бројни прашања во текот на денот посветен на разговор со медиумите. Едно од нив се однесуваше на разликите помеѓу НБА и европската кошарката, во кои важат различни правила од оние на кои тој беше навикнат во текот на сезоната. Адетокумбо немаше проблем да го поткрепи своето тврдење со аргументи зошто е полесно да се игра во НБА.

„Играњето во Европа е многу потешко отколку во НБА. Талентот во НБА е очигледно поголем. Но, мислам дека таму е многу поинтензивно. Играчите ве превземаат низ целиот терен, ве удвијуваат, тие играат зона низ целиот терен. Некои тимови почнуваат да играат зона, а потоа одат “еден на еден“ во последните 10 секунди. Просторот се затвора и сè е многу потешко физички. Имаат помалку талент, но потешко е“, започна поранешниот двократен МВП на НБА и додаде: 

„Секогаш кога играм таму, тоа ме подготвува за новата сезона. Имаш два месеци кога тренираш вака организирана кошарка, го одржуваш телото во форма, тренираш. Тоа подобро те подготвува да бидеш здрав за новата сезона. Но, само играњето на толку многу поставени напади, играњето на толку помалку простор ми помага да разберам некои работи. Затоа што сега кога ќе излезам во НА натпревар, се чувствувам како да имам толку многу простор да создадам шанси за мене и за моите соиграчи. Исто е кога се вратив од Кина во 2019 година. Првите неколку натпревари после тоа се чувствував како теренот да е огромен“.

“За момче кое постигна се од ништо, мислам дека НБА-лигата малку ме расипа. Кога одиш во Европа, работите не се исти. Работите се полесни овде, не те истрошуваат толку многу”, изјави Јанис Адетокумбо. 

ПретходноВладимир Димушевски и Бранко Гушиќ втори во својата класа на Рели Србија!
СледноМладите ремизираа против Саудиска Арабија