Американките „пукнаа“ рекорд на кошаркарскиот Мундијал

203

Женската кошаркарска репрезентација на САД постави нов рекорд по број на постигнати поени на меч од Светското првенство. Денеска Американките реализираа 145 поени во победата над Република Кореја на СП во Австралија и го подобри рекордот од 143 поени на Бразил поставен во 1999 година.

Американките победија со 145:69 што е четврта победа во групата А од шампионатот.

Претходниот рекорд на женскиот тим на САД беше 119 поени во мечевите со Ангола во 2014 година и против Кина во 2006 година. Разликата од 76 поени е најголемата запишана досега, надминувајќи го претходниот рекорд од 75 поени при победата над Ангола.

Исто така тоа е 26 едноподруго победа на Американките на СП. Тие не се поразени од полуфиналето во 2006 година.

ПретходноЗа 50.настап за Македонија: Барди доби врамен дрес од ФФМ! (ФОТО)
СледноСлавен Билиќ е нов тренер на Ватфорд