Барди: Големо благодарам до публиката, треба добро да се размисли пред да се дојде на следниот собир!

3277

Енис Барди, капитенот на нашата репрезентација немаше среќа да му се израдува на јубилејот.Имено мечот со Бугарија за него беше 50.за Македонија.

Тој не криеше по мечот дека е разочаран од исходот, од поразот, но сепак прво и се заблагодари на публиката.

“Големо благодарам до публиката за поддршката која ни ја даде во текот на целиот меч и по него. Според мене заслуживме повеќе во овие квалификации.Од друга страна треба да се каже дека по се ова што се случи, треба добро да се размисли пред следниот собир. Мора на терен да бидеме поодговорни и посериозни“ рече покрај другото Барди.

ПретходноСекоја чест за публиката, сепак ова беше натпревар кој не смееше да се загуби! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСоседот во екстаза: Ова бил најважниот натпревар за бугарското достоинство!