Бугарија слави во Скопје! „ Црвен“ образ и болен пораз!

4836

Страшно! Во дуелот на „двата“ лузери во групата од Лигата на нации во која слави Грузија ние имавме барем мала утеха и мотив да го завршиме овој циклус со насмевки и со гордост – но не успеавме. Кој сака нека каже но дуелот со Бугарија беше од големо значење за нас во Македонија, за народот во оваа земја, за сите оние кои се чувствуваат понижено од источниот сосед по сите политички случувања во изминативе неколку години. И затоа стадионот беше полн – затоа што народот посакуваше победа. Народот дојде да се радува, да ги победиме во нешто „лошите“ соседи кои ни оспоруваат историја, јазик и идентитет! Не дојдоа да гледаат загубен циклус, загубени шанси за нова борба за пласман на ЕП!

Фудбалерите не ја исполнија желбата на народот – загубија од нашиот најомразен сосед. Бугарија со широки насмевки си оди како голем победник од Скопје. Оваа „најслаба“ Бугарија на фудбалски план во нивната историја со напата „горда“ Македонија која одамна бепе горда но не и сега по серијата на порази и порази…
За нас во Македонија ова е болен пораз, имаме „црвен“ образ…

Нема алиби за неуспех, не може да бидеме горди – никако! Загубивме затоа што не сме како треба. Заслужен црвен картот на Тодор Тодоровски по само 13 минути игра. Аматерски, неискусно и на средина од терен – непотребно!
И со „десетмина“ нешто се обидовме но Бугарија си чекаше и си ја дочека сојата шанса. Фатална контра во 49 минута која им донесе гол, победа, престиж…! Не дека и тие се нешто подобри од нас но барем се втори во групата каде ние сега сме трети а требаше да бидеме прво!

На 0:1 имавме добар период на напади но само онаа зрела прилика на Алиоски и реакцијата на стоперот Антов на самата гол линија. Среќа имавме и ние – Бугарите беа подобри!

 

Минута по минута
14’ – ЦРВЕН КАРТОН! Тодор Тодоровски непотребно и аматерски стартува врз Петков. И со ВАР и без ВАР тоа е исклучување. Продолжуваме со десетмина…
23’ – Трајковски мора на клупа, Ашковски во игра како резултат на црвениот картон на Тодоровски.
25’- Бомба на Ристовски од 20 метри! Наумов со парада спасува гол а топката оди во корнер.
28’ – Десподов се најде во шанса за гол но Димитриевски е сигурен и навремени реагира.
42’ – Бејтулаи се обиде со глава по корнерот од десната страна. Лош и непрецизен удар а позицијата добра.
0:1 – 49’ Страшно добра контра на Бугарија која ја предводи Кирилов добро асистира до Десподов избива сам и од 15 метри пласира под Димитриевски.
59’ – Бејтулаи на самата гол линија спасува чист гол за Бугарија по ударот на Десподов со глава.
61’ – Обид од далечина на Алиоски но слабои крај голот на Бугарија.
62’ – Антов од самата гол линија ја спасува Бугарија по ударот со глава од Алиоски а по одличниот центаршут од Спировски.
66’ – Кирилов се закани со удар од далечина, Димитриевски со проблеми успева да одбрани.
81’ – Нова прилика за Алиоски и повторно непрецизно и крај голот.
90’ – Дириев во гол шанса, одбраната на Бугарија е на место и спасува 1:1.

ЛИГА НА НАЦИИ – „Ц“ ЗОНА

МАКЕДОНИЈА – Бугарија 0:1
Арена: „Тодор Проески“, во Скопје. Гледачи: 20.000
Главен судија: Јулиан Ваинбергер од Австрија.
Стрелци: Десподов 49“
Ж. картони: Милевски, Миовски, Барди (М) – Петков, Стефанов, Груев; Крастев, Кирилов, Крстаиќ (Б)
Ц. Картон: Тодоровски 14’
МАКЕДОНИЈА:
Димитриевски, Бејтулаи, Зајков, Муслиу, Тодоровски, Трајковски (Ашковски 23’ – Бабунски 85’), Барди, Елмас, Алиовски, Миовски (Спировски 60’), Ристовски (Дориев 60’).
Селектор: Благоја Милевски
Бугарија: Наумов, Недјалков, Антов, Галабов, Попов (Стојанов 82’), Груев, Стефанов (Крастев 46’), Карабелјов (Илиев 46’), Петков, Кирилов (Русев 89’), Десподов.
Селектор: Младен Крстаиќ

РЕЗУЛТАТИ ПОСЛЕДНО КОЛО
Македонија – Бугарија 0:1
Гибралтар – Грузија 1:2
ТАБЕЛА:
1. Грузија 6 16:4 16
2. Бугарија 6 10:8 9
3. Македонија 6 7:7 7
4. Гибралтар 6 4:18 1

ПретходноЛН: Англија и Германија одиграа реми со шест гола, Италија ќе се бори за трофејот (видео)
СледноПоразите се редат,еден, два…три!