Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони изјави дека на Лионел Меси му е загарантирано место во репрезентацијата на Аргентина.
„Тој сака секогаш да биде на теренот. Со мене ќе игра цело време, нема сомнеж во тоа. За ова веќе сум зборувал многу пати. Ако не се случи ништо лошо, тој ќе игра, секогаш ќе биде на терен. Случајот на Меси е посебен. Тука не може ни да има контроверзии. Меси е добро, тој е среќен, игра добро и е во тим што мислам дека научивме да го разбираме. Мислам дека направи чекор напред во ПСЖ. Среќни сме со начинот на кој тој изгледа сега“, изјави селекторот на репрезентацијата на Аргентина.