Стефан Ристовски, капитенот на нашата А-репрезентација, вечерва нема да игра за Македонија.Тој е повреден и секако дека него му е најтешко, не може да настапи против Бугарија.
Во пресрет на вечерашниот дуел од Лигата на Нации во Скопје, Ристовски имаше специјална порака до нашиот источен “сосед“ преку неговите социјални мрежи.
Капитенот напиша или порача:
“Добро дојдовте во МАКЕДОНИЈА…Сега е наш ред ЕВРОПСКИ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ“…
А на своите соиграчи им порача:
“СРЕЌНО БРАЌА МОИ“…