Селекторот на Бугарија Младен Крстајиќ секако дека треба да биде задоволен. Два меча и две победи откако ја презема селекцијата на нашиот источен сосед. Вечерва неговите момци ги искористија сите наши киксови и успеаја да дојдат до 0:1, да освојат три бода и со тоа да завршатна третата позиција на табелата.
“Мислам дека ова за нас беше добар меч. После четири години Бугарија победи на гостински терен. Во фудбалот не треба да се измислува топла вода. Едно е екипа а друго е репрезентација. Ако немате атмосфера бадијала ви е се. Кога го направив составот никој не веруваше во овие момци.Јас ги барав играчите кои ги сакав и ги најдов.Сакав играчи кои ќе гинат на теренот, такви сега имам“посочи Србинот.
Секако дека тој е задоволен од победата и од резултатот.
„Треба деведесет минути да се гине на теренот, да те понесе тој патриотизам. Најбитно е што останавме во Лигата Ц, Тоа ни беше целта. Не е лесно да се игра пред ваква прекрасна публика, да се игра мечкој мораше да се добие. Секоја чест за овие млади момци“заврши селекторот на Бугарија.