ЛИГА НА НАЦИИ: МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 0-1 (КРАЈ)

481

МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА   0-1
Лига на нации
Скопје, стадион: „Тодор Проески“

КРАЈ НА МЕЧОТ. Македонија изгуби од Бугарија со 0:1 и заврши на третото место во групата. Бугарите се втори, а Грузија прва. Последен е Гибралтар.

90 минута – Супер шанса за Дориев кој од десната страна не успеа да ја пласира топката во мрежата на Наумов.

81 минута – Повторно Алиоски во шанса, а неговиот шут заврши покрај голот.

64 минута – Нова шанса за Македонија. Центаршут по десната страна, Галабов ја исфрли топката во корнер пред Ашковски.

62 минута – Шанса за Македонија! Алиоски шутира, Бугарите спасуваат од гол линијата. Антов со глава не дозволи топката да влезе во голот.

61 минута – Алиоски во трк шутира, но топката мина покрај голот на Бугарите.

60 минута – Двојна измена во македонскиот тим. Ристовски и Миовски излегуваат во игра се  Дориев и Спировски.

58 минута – Голема шанса за Бугарија по корнер. Недијалков упати удар со глава, Димитриевски веќе беше совладан, но Бејтулаи спаси од гол линијата.

50 минута – ГОЛ ЗА БУГАРИЈА!  Бугарите во контра напад, Кирилов го пронајде Кирил Десподов на 16-тина метри, овој ја смири топката на гради и го матира Димитриевски.

45 минута – КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ. Со по една шанса на двете страни, а со многу надмудрување на средината на теренот. Нашата селекција ќе мора добро да се измачи за да ги пробие Бугарите со оглед на тоа дека има играч помалку.

42 минута – Бејтулаи се обиде со глава по корнерот од десната страна. Лош и непрецизен удар а позицијата добра.

27 минута – Десподов во шанса, но Димитриевски ја следеше акцијата и одбрани

25 минута – Милан Ристовски шутира од 22 метри, но голманот Наумов ја избива топката во корнер.

22 минута – измена во македонската репрезентација. Александар Трајковски излегува, а влегува Стефан Ашковски.

14 минута – Македонија на мака! Црвен картон за Тодоровски. Нашиот фудбалер во желба да освои топка неспретно го закачи Петков со ногата, а судијата оцени дека има елементи за директен црвен картон.

Вака се пее МАКЕДОНСКАТА химна!(ВИДЕО)

Гласот на народот: Свирежи за ВЕТОТО! (ВИДЕО)

Стартни состави: Ќе ги напаѓаме Бугарите со Трајковски, Миовски, М.Ристовски, Елмас…

Од 20.000 грла нека ечи…МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…

ПретходноПолувреме: Тодоровски поцрвене, во напад и со „десетмина“
СледноЗа 50.настап за Македонија: Барди доби врамен дрес од ФФМ! (ФОТО)