На вториот дуел на турнирот во Хрватска, репрезентацијата на Македонија до 21. година одигра 1:1 против репрезентацијата на Саудиска Арабија до 23 години. Дуелот мина во добра фудбалска атмосфера во која нашиот тим имаше повеќе од шансите, промаши и удар од белата точка и на крајот одигра реми.
По промашените шансите на Максимов, Абази и Николов во првиот дел Станковски промаши пенал во 40. минута за да во 45. минута од истата позиција погоди Алгхамди.
Следуваше изедначување во вториот дел за нас со голот на Марио Илевски, а во последните секунди преку Калкан имавме зицер за водство но неговиот удар беше изблокиран во последен момент.