Напред “РИСОВИ“, играјте за МАКЕДОНИЈА!

169

Ете, дојде и тој ден. Македонија – Бугарија во Скопје. За првпат квалификациски меч, онака официјален во главниот град на Македонија. Досега се беа пријателски, а пред два месеци игравме во Разград, на нивни терен.

Некој ќе каже историски, но не по екстремната резултатска важност, иако секој меч и секој резултат е важен кога станува збор за Македонија, па макар тие биле и пријателски натпревари.

Туку поради фактот дека играме со нашиот “омилен сосед“ кој едноставно прави се што може само да ни ја загорчи судбината.

Сепак ние сме европски народ, европска нација. Ние ќе и покажиме на таа Бугарија вечерва како се игра фудбал, како се навива без навреди, како се победува, онака фраерски.

Македонија – Бугарија, долго го чекавме овој ден, уште од денот кога ја дознавме групата во Лигата на Нации, во сегментот Ц.

Секако, Македонија без разлика што селекторот Благоја Милевски не ќе може да смета на неколкумина свои стандардни првотимци, има квалитет, има победничка навика вечерва да ја израдува Македонија во меч кој искрено ќе биде нешто повеќе од фудбал. Па макар тоа некој сакал да го признае или не.

Ние можеме само да им посакаме добар натпревар на нашите момци, да покажат што знаат, да одиграа најдобро што можат, што знаат, и секако очекуваме победа која многу, многу ќе ни значи.

Па така НАПРЕД “РИСОВИ“, ИГРАЈТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА…

ПретходноЗаштитното лице на Видеолотарија, македонската фудбалска икона Горан Пандев, ја заокружи својата фудбалска кариера
СледноНеверојатно: Додека Србинка даваше изјава, две кошаркарки на Мали се тепаа (ВИДЕО)