Објавен е датумот на првото „Ел Класико“ оваа сезона!

100

Реал Мадрид и Барселона ќе го одиграат првото „Ел Класико“ оваа сезона на 16 октомври од 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на деветтото коло од шпанскиот шампионат. Во овој момент, по шест одиграни кола, најголемите шпански клубови ги заземаат водечките позиции.

Реал Мадрид е стопроцентен со 18 бодови и гол разлика 17:6, додека Барселона одигра само еден натпревар нерешено, постигнувајќи 18 и прими само еден гол. Според сите сметки, ова „Ел Класико“ треба да биде подобро од претходните неколку.

Откако Кристијано Роналдо и Лионел Меси ја напуштија Ла Лига, каталонскиот гигант имаше бројни проблеми додека Реал го освоји првенството и Лигата на шампиони. Овој меч како и секогаш ќе привлече големо внимание, особено пресметка межу Карло Анчелоти и Чави Хернандез, како низата на ѕвезди кои ги имаат двата тима.

ПретходноОд 20.000 грла нека ечи…МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА…
СледноМотив за фудбалерите: Гоце Делчев и Јане Сандански во дресот на Македонија (ФОТО)