Покетино ќе го замени Џерард во Астон Вила?

165

Според информациите на „Фудбал инсајдер“, Маурисио Покетино е најсериозен кандидат да седне на клупата на Астон Вила. Наскоро може да се случи Стивен Џерард да добие отказ, а клупската управа веќе прави стратегија за негова замена.

Само 2 победи, едно реми и дури 4 порази во Премиерлигата, Џерард е на „стаклени нозе“ и секој нареден неуспех ќе значи негов отказ. Покетино е без работа по заминувањето од ПСЖ , иако имаше најмалку три сериозни понуди од Шпанија, Италија и Франција кои ги одби.

ПретходноРајковиќ го загуби првото финале со ЦСКА
СледноСаутгејт: Јас сум вистинскиот човек за Англија, глупаво е да ме сменат пред СП