Полувреме: Тодоровски поцрвене, во напад и со „десетмина“

191

Битката за гордот и многу повеќе од тоа против Бугарија е во тек на нашиот најголем стадион каде по 45 минути игра нема голови, малку шанси но и големи проблеми за нашиот национален тим. Македонија по само 13 минути игра остана со играч помалку по аматерскиот и неискусен старт на десниот бек Тодор Тодоровски. И со ВАР и без ВАР судиите му го покажаа патот кон соблекувалните на нашиот фудбалер кој имаше лош старт врз бугарскиот фудбалер Петков на средината од теренот.
Повлечен е херојот од Палермо, Трајковски (дали заслужи вакво нешто!?), па избраниците на Благоја Милевски сега по потешкиот пат ќе одат до посакуваната цел – пообедата.
И покрај тоа што имаме играч помалку ние не отстапуваме обидот да се даде гол, да се победи… Во 25 минута Милан Ристовски распали од далечина но бугарскиот голман успева да одбрани. Сепак Бугарија има иницијатива, стрпливо ја плете мрежата пред нашиот гол. Ќе биде тешко во вторите 45 минути затоа што гостинот не смее да загуби (брка бодови за подобар барабан за престојната ждрепка за ЕП 2024).
Што се оденсува до трибините таму е за чиста „десетка“. Гостинот си го доби тоа што и се очекуваше. Свирежи на химната што е слика и глас на народот по сите оние секојдневни дневно-политички проблеми и вета кои ни доаѓаат од Бугарија.

Минута по минута
14’ – ЦРВЕН КАРТОН! Тодор Тодоровски непотребно и аматерски стартува врз Петков. И со ВАР и без ВАР тоа е исклучување. Продолжуваме со десетмина…
23’ – Трајковски мора на клупа, Ашковски во игра како резултат на црвениот картон на Тодоровски.
25’ Бомба на Ристовски од 20 метри! Наумов со парада спасува гол а топката оди во корнер.
28’ Десподов се најде во шанса за гол но Димитриевски е сигурен и навремени реагира.
42’ Бејтулаи се обиде со глава по корнерот од десната страна. Лош и непрецизен удар а позицијата добра.

ЛИГА НА НАЦИИ – „Ц“ ЗОНА

МАКЕДОНИЈА – Бугарија 0:0
Арена: „Тодор Проески“, во Скопје. Гледачи: 20.000
Главен судија: Јулиан Ваинбергер од Австрија.
Стрелци:/
Ж. картони: Милевски, Миовски (М) – Петков, Стефанов, Груев (Б)
Ц. Картон: Тодоровски 14’
МАКЕДОНИЈА:
Димитриевски, Бејтулаи, Зајков, Муслиу, Тодоровски, Трајковски (Ашковски 23’), Барди, Елмас, Алиовски, Миовски, Ристовски.
Селектор: Благоја Милевски
Бугарија: Наумов, Недјалков, Антов, Галабов, Попов, Груев, Стефанов, Карабелјов, Петков, Кирилов, Десподов.
Селектор: Младен Крстаиќ

ПретходноНадал објасни зошто плачеше со Федерер, па откри: Најлошото се случи дома!
СледноЛИГА НА НАЦИИ: МАКЕДОНИЈА – БУГАРИЈА 0-1 (КРАЈ)