Поразите се редат,еден, два…три!

786

 

Колку и да сакавме,колку и да имавме голема желба, вечерва сепак Македонија е поразена од Бугарија.Исход кој боли и пече, тука нема сомневање. Атмосферата беше супер, неверојатна беше поддршката од трибините, но ете, нов пораз.

А тие порази се редат, еден, два, сега и третиот. Двапати со Грузија, и сега,вечерва од Бугарија. Пораз со кој ќе ги завршиме оваа Лига на Нации на третото место, навистина неверојатно, а амбициите беа секако, нели, да бидеме први.

Но ете, овој циклус во Лигата на Нации заврши лошо, многу лошо за нас. Во група со Грузија, Бугарија и Гибралтар, нашата Македонија е трета, навистина ова не го очекувавме. Сакавме да бидеме први, но тоа е тоа, некој убаво каже.

Јасно е дека низ целиот овој циклус Македонија имаше проблеми со повреди, со отсуства на клучни играчи,но тоа не смее да биде оправдување. Факт е дека Македонија резултатски не ги оправда очекувањата.

Ете, тоа нека биде сигнал за тоа што ќе се случува во квалификациите за ЕВРО 2024 од март па натаму.

На крај секоја чест за публиката која беше фантастична, секоја чест за борбата со десетмина, за желбата. Но тоа не беше доволно, иако игравме речиси 80 минути со играч помалку,тоа не смее да биде оправдување.

Македонија вечерва мораше, ама мораше да победи, и не само поради фудбалот.

Штета, навистина штета.

Нека биде ова голема лекција. Лекција која треба да се научи.

ПретходноБугарија слави во Скопје! „ Црвен“ образ и болен пораз!
СледноКрстајиќ:Не е лесно да се игра пред ваква прекрасна публика!