Потер ќе го носи и Тросард во Челзи

214

Англискиот премиерлигаш Брајтон има нов проблем. По заминувањето на менаџерот Грем Потер, сега и ѕвездата на тимот Леандро Тросард изјави дека е отворен да му се придружи на поранешниот шеф Потер во Челзи доколку во јануари „се укаже можност“.

Белгискиот интернационалец беше второто засилување на Потер откако им се приклучи на „Галебите“ во 2019 година и стана еден од нивните најдобри играчи во последниве години. Откако неговиот поранешен тренер го замени „Амекс“ за „Стемфорд Бриџ“, 27-годишниот фудбалер призна дека размислува да го стори истото, уште во јануари, секако ако му се даде шанса.

„Ако се појави можност, сакам да одам. Но, јас сакам да играм, а не да седам на клупа“, порачал Тросард, за кого постојат шпекулации дека е во редовен контакт со Потер на оваа тема и се чека само стартот на зимскиот преоден рок за негово заминување во Лондон.

ПретходноВТБ го прогласи Димитријевиќ за играч на мечот со Партизан (ФОТО)
СледноБутел замина за Австрија на првата пресметка со Алпла Хард (ФОТО)