Почина Ѓорѓи Кузмановски, еден од најпознатите спортски работници во Македонија

246

Тажна вест за спортот во нашата земја. На 81 година денеска почина Ѓорѓи Кузмановски, еден од најпознатите спортски работници во Македонија.

Сојузот на спортови потврди дека спортот загуби прекрасна и голема личност. Тој целиот свој живот го посвети на спортот, долгогодишен прв човек на Сојузот на спортови. Беше активен речиси до крајот на својот живот, секогаш подготвен да помогне на спортот, да им помогне на спортистите.

Спортска Македонија може да се гордее што го имаше големиот спортист Ѓорѓи Кузмановски.

ФОТО: МРТ

ПретходноПогба се враќа на терен во октомври, планира настап и на СП
СледноФИБА РЕЈТИНГ: Македонија е на 28.место во Европа!