Фантастична поддршка, патриотски набој до небо, желби и мотиви исто до небо.Одамна нашите репрезентативци немале ваква поддршка која доаѓаше од срцата на околу 15.000 фанови кои не се штедеа и навиваа во текот на целиот меч.
И за тоа имаат големо БРАВО. Секоја чест за нив, вака се сака и се бодри МАКЕДОНИЈА.
А, фудбалерите? Што да се каже? Јасно е дека за целосна анализа треба работите малку да „преспијат“, јасно е дека импресиите треба да “легнат“. Се виде уште на почетокот дека нема да биде така мазно и лесно. Колата тргна удолу уште во таа 14.минута кога Тодороски го направи тоа што го направи. На крајот Македонија – Бугарија 0-1. Исход кој ни во сон не помислувавме дека ќе се случи.
Навистина штета, ова беше меч кој не смееше никако да се загуби, и тоа од милион причини.
Но, ете, го загубивме…