Тасевски: Бугарија е свежа, покажува знаци на живот, Македонија го загуби ентузијазмот

414

Некогашниот македонски репрезентативец Дарко Тасевски, кој сега го носи дресот на бугарска Славија, за тамошните медиуми направи анализа на игрите на Бугарија и Македонија во последните мечеви во Лигата на нации, пред нивниот меѓусебен дуел денеска во Скопје.

„Сакам да им честитам на момците од бугарската репрезентација за победата над Гибралтар. Повеќето од нив ги познавам. Тие се претставија добро, одиграа на ниво. Беа забележани само позитивни работи. Има промена, движење во друга насока на самиот тим. Посебен впечаток ми остави Илија Груев. Младо момче кое игра во германската елита. Доколку Крстаиќ остане подолго, тоа ќе биде вистинската насока и има потенцијал кај момците. Поразот на Македонија од Грузија беше очекуван. Има благ пад во тимот во целина. Ентузијазмот кој го имаа пред европското првенство веќе го нема. Многу момци веќе не играат редовно во своите тимови и тоа има влијание на играта“, додаде Тасевски.

ПретходноБугарите со неколку промени во составот: Крстајиќ ќе менува во средниот ред
СледноЗаштитното лице на Видеолотарија, македонската фудбалска икона Горан Пандев, ја заокружи својата фудбалска кариера