Тешка повреда на еден од клучните играчи на Барса, го пропушта Мундијалот во Катар!

320

Пред само неколку дена младиот дефанзивец на Барселона Роналд Араухо беше на врвот на светот. Се наметна како незаменлив дел од каталонскиот гигант кој игра фантастично, Чави го именуваше за еден од четворицата идни капитени а се надеваше дека ќе направи големи работи со репрезентацијата на Уругвај во Катар.

Но, преку ноќ се се распадна. Араухо беше тешко повреден на пријателскиот натпревар меѓу Уругвај и Иран. Неговиот мускул беше повреден, а првите наоди веќе беа поразителни. ЕСПН пишува дека повредата е сериозна и дека младиот дефанзивец го чека два до три месеци рехабилитација. Тоа значи дека Араухо нема да биде во составот на Уругвај за Светското првенство кое започнува во ноември.

Што се однесува до Барселона, според правилникот донесен за заштита на играчите кои се повредени додека играат за репрезентацијата, ФИФА на Барселона ќе и плаќа по 20.458 евра дневно, додека Араухо не добие зелено светло за настап.

ПретходноМотив за фудбалерите: Гоце Делчев и Јане Сандански во дресот на Македонија (ФОТО)
СледноСтартни состави: Ќе ги напаѓаме Бугарите со Трајковски, Миовски, М.Ристовски, Елмас…