ВТБ го прогласи Димитријевиќ за играч на мечот со Партизан (ФОТО)

227

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ е новата ѕвезда на руски Уникс Казан. Уште на првиот голем настап, Нено ги освои симпатиите на навивачите на клубот, но и сите кои работат во една од најсилните регионални кошаркарски лиги, ВТБ лигата.

Уникс Казан вчера го освои 3. место на ВТБ Суперкупот, откако во малото финале славеше со 83-77 против белградски Партизан, меч на кој нашиот репрезентативец имаше фантастични 30 поени. Затоа и ВТБ лигата не случајно го прогласи за играч на мечот.

ПретходноСаутгејт: Јас сум вистинскиот човек за Англија, глупаво е да ме сменат пред СП
СледноПотер ќе го носи и Тросард во Челзи