Милојевиќ ги собра прволигашките тренери!

214

На иницијатива на комесарот за натпреварување Александар Милојевиќ, денеска, во просториите на федерацијата се одржа работен состанок со тренерите од Првата лига-мажи.

На собирот на кој присуствуваа најголем дел од стручните лица, комесарот Милојевиќ на присутните тренери им ја презентираше анализата на натпреварувачката сезона 2021/2022, а во размената на мислења, беа апострофирани и некои пооделни аспекти за подобрување на квалитетот на натпреварите во настапувачката која стартува веќе на 8. октомври со мечевите од првото првенствено коло.

 

 

Одговорниот за регуларноста на лигите укажа и на некои квантитативни показатели за претходната натпреварувачка сезона.

Во исто време ги информираше прволигашките тренери и за измените во официјалните кошаркарски правила на ФИБА, кои стартуваат веќе од 1. октомври, 2022 година, и ги потенцираше деловите од дополнувањата во Пропозициите за натпреварување во Сениорските лиги за новата натпреварувачка сезона.

ПретходноФото – вест: Легендите со поддршка за Македонија!
СледноЕдна “ЧРВЕНА“ за БУГАРКИТЕ: Најјакиот транспарент за вечерашниот дуел!