Рафаел Надал беше многу емотивен за време на последниот настап на Роџер Федерер на „ЛејверКупот“, по завршување на истиот откри дека со солзите не завршил на теренот, продолжил и дома.
„Јас сум многу емотивна личност, кога гледам дека некој кого го ценам многу се збогува ми е тешко да ги контролирам емоциите. Најлошо од се што продолжив да плачам кога се вратив дома“, призна Надал.
Сепак, овогодинешното издание на Лејвер купот сигурно нема да биде последен пат да го видиме Роџер Федерер со рекет во рацете. Тој најави дека во наредните години ќе може да учествува на егзибиции, особено на Лејвер купот, за кој постојано истакнува дека му е омилен турнир.