За среќа црните прогнози не се остварија во врска со нашата А-репрезентација и покрај вчерашниот болен пораз од Бугарија во Лигата на Нации. Македонија и дефинитивно ќе се најде во четвртиот шешир на ждрепката во квалификациите за ЕВРО 2024. Ждрепка која ќе се одржи во Франкфурт на 9 октомври.
Секако дека за ова помогнаа и нашите соседи Грција и Косово со своите победи над С.Ирска и Кипар.
Тоа значи дека Македонија не може да се падне во иста група со селекциите на Грузија, Турција, Грција, Казахстан, Азербејџан,Косово, Ф.Острови, Луксембург и Бугарија.