Екипата на Бутел Скопје денеска (18:45 часот) и гостува на Алпла Хар во рамките на првиот дуел во рамките на 2. квалификациско коло за пласман во Европската лига. Овој тим веќе е познат за македонската јавност, на стартот го совлада тимот на Е.Пелистер 2.
За Бутел Скопје и стратегот Кристијан Грчевски важно е неговите момци да одиграат убав ракомет со надеж дека клубот ќе успише историја.
„Одиме да играме ракомет и ќе пробаме да дојдеме до поволен резултат за реваншот да биде неизвесен. Успеавме да ги анализираме дуелите со Еурофарм Пелистер 2, но сепак подготвени сме и на некои изненадувања. Најсилен нивен адут е брзиот проток на топка, имаат искусни играчи и знаат точно што ќе играат. Ќе го дадеме максимумот за влез во групите. Тоа ќе биде добро не само за нас како клуб, туку и за македонскиот ракомет“, изјави Грчевски.