Европскиот престој продолжува: Струмица Н. се сели во ЦЕВ Купот на двомеч со хрватска Мурса

180

По несреќниот пораз во „Златниот сет“ на дуелот со Динамо Апелдорн во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот одбојкарски првак Струмица Никоб не се прости од Европа. Струмичани сега ќе продолжат во натпреварите од ЦЕВ Купот и тоа од квалификациската рунда која води до 1/16-финалето во ова второ по ранг европско натпреварување.

Според ждрепката, следен ривал на Струмица ќе биде хрватскиот состав Мурса од Осијек, која минатата сезона стигна до полуфиналето на хрватскиот суперлигашки плеј-оф. Мурса според календарот ќе биде домаќин на првиот меч на 19 октомври, додека една недела подоцна треба да се одигра реваншот, најверојатно повторно во Скопје.

Ова е уште една одлична шанса за перспективниот тим на Струмица Никоб да ја покаже својата вистинска вредност и на европската сцена.

фото: CEV.eu

ПретходноПике во јануари се сели во Мадрид?
СледноНовата ѕвезда е родена: 19-годишниот Шешко го има голот на годината (ВИДЕО)