Следната сезона, македонскиот ракометен шампион се враќа во Лигата на шампионите. По денеска потврдената ранг-листа на земи за следната евро-сезона, стана јасно дека едно место во ЛШ на ЕХФ е резервирано за македонскиот шампион.
Освојувачот на титулата на домашната сцена ќе има обезбедено директно учество во групната фаза.
Во останатите европски купови Македонија ќе има две екипи во ЕХФ Европската лига, додека во Европскиот куп ќе имаме право за пријава на една екипа.