Италија ја победи Унгарија со 2:0 и со тоа избори пласман во Ф4 во Лигата на Нации. По мечот и покрај успехот, селекторот Роберто Манчини не беше пресреќен, напротив, тој беше тажен. Се знае и зошто, причината е фактот дека неговата Италија нема да игра на Мундијалот во Катар. А се знае и зошто, во март Македонија среде Палермо ја елиминира неговата селекција во баражот.
“Важно е дека стигнавме по вторпат до Ф4 во Лигата на Нации. За жал тоа што беше во минатото не може да се промени. Само нека мине декември, после се ќе биде полесно“ рече Манчини.
Тоа да мине декември веројатно мислеше да заврши СП во Катар.