Камерунската репрезентација на претстојниот Мундијал во Катар ќе биде посилен за двајца фудбалери, поранешни младински француски репрезентативци – Брајан Мбеумо и Оливие Нчам. Мбеумо има 23 години и е крилен напаѓач, роден е во Аваљон, Франција и моментално е член на Брентфорд, а претходно играл за Троа. Тој е поранешен младински репрезентативец на Франција, а Камерунците го убедија да игра за нив.
Нчам има 26 години, игра во средниот ред и е роден во Лонжоме, во северна Франција. Бил во младинските категории на Манчестер Сити и во Ле Авр, а играл за Џенова, Селтик, кратко во Марсеј, а сега е во Свонси.
И тој има преку 30 натпревари за младинските категории на Франција. Сега ќе ги брани боите на Камерун.
И двајцата влечат корени од Камерун, па без проблем добија дозвола да настапуваат за оваа селекција. Тие веќе дебитираа во поразот од Узбекистан во пријателски меч. Следниот тест им е против Јужна Кореја во Сеул, по што следува настапот на СП.