Мегваер синоќа го доживеа најголемото понижување во својата кариера!

1181

И дефинитивно на Хари Мегваер, стоперот на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, не му оди баш најдобро во последните две години. Неговите катастрофални настапи, смешни потези и киксови просто ја иритираат јавноста во Англија, посебно онаа фудбалската. Тој веќе го загуби првотимскиот статус во Јунајтед, и не само капитенската лента. Ерик Тен Хаг веќе нема нерви да ги гледа глупостите на стоперот. Сепак Мегваер уште ја ужива довербата на селекторот на Англиј, Герет Саутгејт, но прашање е до кога.

И не само поради синоќешната очајна партија на стоперот кој непотребно и скриви пенал против Германија.

Инаку пред самиот меч меч Мегваер го доживеа веројатно најголемото понижување во својата кариера. Имено на загревањето англиската публика му свиреже и бараше од селекторот Мегваер воопшто да не биде дел од тимот на Англија.

ПретходноВлезот слободен за натпреварите од Суперкупот “Драган Василов – Цевка“ 2022
СледноСрбија згрозена и во шок…. на продажба дресот подарен на дете