Норвежаните не попуштаат: Норман не смее повеќе да игра за репрезентацијата

994

Норвешката фудбалска репрезентација вечерва ќе го игра последниот меч од Лигата на нациите, а противник е Србија. Натпреварот се игра во Осло. Норвежаните го немаат во составот Матијас Норман, но не поради повреда, слаба форма или суспензија, туку поради политика!

Норман е пречкртан од списокот на селекторот, а причината е клубот за кој игра. Овој 26-годишен играч за врска по ангажманот во Лече одлучи да потпише со рускиот Ростов, а претседателката на ФС на Норвешка Лиса Клавенес изјави дека Норман ќе биде избркан од репрезентацијата.

Тоа и се случи, па овој играч нема повеќе да го носи дресот со националните обележја.

Улогата на ФС не е да се меша во изборот на репрезентативците на нивниот нов клуб, меѓутоа оваа ситуација е посебна. Целиот норвешки и европски фудбал се сложува заедно да извршиме притисок на Русија како агресор, а исто така таа активно ги користеше позициите на мож во спортот“, изјави Клавенес.

 

ПретходноАлекс е херој кој не заслужи да биде принудно сменет
СледноКамерун на СП посилен за двајца „Французи“