Жерар Пике би можел да се пресели во Атлетико (М) уште оваа зима. „Јорганџиите“ ќе се обидат да го ангажира дефанзивецот на Барселона во зимскиот преоден рок, затоа што тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне сака да ја засили одбраната, фрустриран од играта на Стефан Савиќ, Марио Хермосо и Фелипе, додека Хозе Хименез е често повреден.
Клубот од Мадрид верува дека Пике може да продолжи да игра на највисоко ниво и да стане нов лидер во одбраната на тимот. Се верува дека за овој трансфер ќе биде заинтересиран и самиот Пике. Тој има тензичен однос со тренерот на Барселона, Чави, бидејќи Пике го нема во стартните 11 оваа сезона.